САД и Јапонија начелно се согласија за трговски договор

Од:

САД и Јапонија вчера начелно се согласија за основните елементи на трговскиот договор, а американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјавија дека се надеваат дека спогодбата ќе биде потпишана идниот месец во Њу Јорк.

Ако договорот биде формализиран ќе се намалат трговските тензии помеѓу двата сојузници во време на ескалација на американско-кинеската трговска војна.

Американскиот секретар за трговија Роберт Лајтизер истакна дека во договорот се вклучени земјоделството, царините за индустриските произвиди и дигиталната трговија.

Царините на автомобилите остануваат непроменети.

– Тоа е многу голем бизнис и постигнавме начелен договор. Тоа се милијарди и милијарди долари, истакна Трамп на заедничката прес конференција со Абе на Самитот Г-7.

Абе изрази оптимизам во однос на договорот.

– Се уште останува дел од работата која мора да ја завршиме. Имено, мораме да го финализираме името на трговскиот договор и да ја финализираме содржината на договорот. Меѓутоа, сакаме да бидеме сигурни дека нашите тимови ќе ја забрзаат преостанатата работа, за договорот да биде потпишан на маргините на Генералното собрание на ОН кон крајот на септември, истакна Абе.

Трамп сака да им помогне на американските земјоделци кои се погодени од трговската војна со Кина односно со кинеските царини на нивните производи.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии