Јагнула Куновска на средба со граѓаните во Жданец

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалициајта „За подобра Македонија“ Јагнула Куновска вечерва имаше средба со граѓаните во скопската населба Жданец.

– Мојата идна функција, градоначалник на Карпош, ја сфаќам како заложба за задоволување на потребите и решавање на проблемите на сите граѓани од општината, рече Куновска.

Програмата што ја изготвила, додаде, е визија за четиригодишен економски развој на оопштината.

– Не треба да им дозволиме уште еден мандат на оние кои немаат што да и понудат на општината. Земете ја судбината во свои раце. Единствено сакам и барам Карпош да им се врати на граѓаните зашто само ним им припаѓа, треба да се развива парарлелно со градот, да не заостанува, истакна Куновска.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември