Осумдесет-годишниот Васил С. паднал во отворен лифт во висина од 5 метри, утринава околу 11 часот, во зградата број 9 на улица Михаил Чаков во населбата 11 Октомври, информираат од СВР Скопје.
Тој го отворил лифтот за да влезе, па незабележувајќи дека не е на спратот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Итно бил префрлен во Градската болница.