Пожарот во Парагвај по една недела ставен под контрола

Од:

Пожарите кои уништија повеќе од 20.000 хектари во северниот дел од Парагвај, на границата со Боливија и Бразил, ставени се под контрола, изјави министерот за заштита на животната средина Ариел Овиедо.

Пожарот изби пред една недела во Пантаналу, а огнот е ставен под контрола благодарение на промена на насоката на ветерот.

Во Боливија и понатаму се активни пожари, а од мај изгореа 744.000 хектари во источниот дел на земјата.
Пожарите се предизвикани од селаните кои ги палат коровите за да го подобрат квалитетот на земјата.

Парагвај предложи формирање на меѓувладино тело со Боливија и Бразил кое ќе ја контролира борбата против пожарите кои избиваат секоја година во текот на сушниот период.

Еколошката организација „Гвира-Парагвај“ соопшти дека шумскиот резерват кој е на границата на трите држави, опустошен е 70 проценти, при што настрадаа голем број животни како желки, мравојади, мајмуни и змии.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска