Виландер: Федерер ќе се пензионира на крајот на 2021 година

Од:

Тенискиот експерт, кој работи за „Евроспорт“, Матс Виландер предвидува дека Федерер може да остане на теренот како активен играч до 41-годишна возраст.

Швеѓанецот, кој освои 7 Гренд-слем титули, уште еднаш не успеа да го поштеди Маестро од своите пофалби.

– Се чини дека тој има неверојатна способност, дури и кога губи неколку натпревари на турнеја, тоа не влијае на начинот на кој работи, тренира и игра натпревари со пет сета. Очигледно, би било сон да се мисли дека може да биде закана на Гренд-слем турнирите уште пет години, тоа нема да се случи, но јас би предвидувал дека неговата кариера ќе заврши до крајот на 2021 или 2022 година. Најверојатно, тогаш ќе помислиме „добро, тоа е сè“. Сепак, тој негираше се што сметавме дека е можно во тенисот, рече Виландер.

Швеѓанецот смета дека Оже-Алиасим и Стефанос Циципас, се луѓето кои ќе бидат новите лица на следната генерација тенисери.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ