Четворица маскирани напаѓачи се обидоа да го нападнат фолк пејачот Азис, јавуваат бугарските медиуми. Нападот на Азис се случил во саботата во населбата Обориште во Софија, кога напаѓачите го пресретнале пејачот и го претепале неговиот возач и телохранител. Според неофицијалните информации, тие се обиделе да го киднапираат пејачот.
Нападот го видел случаен минувач и го пријавил во полицијата. Весникот “24 Часа” од Софија пренесува дека Азис не повреден за време на нападот. Според нивните информации, напаѓачите биле облечени како полицајци.
Азис и изјавил на полицијата дека неколку часа пред нападот добил телефонски повик во кој му било понудено, за голема сума на пари да се појави во реклама.
Полицијата соопшти дека ја испитува можната позадина на нападот. Бугарските медиуми неофицијално јавуваат дека можен мотив за нападот се стари финансиски сметки.
Ова е веќе втор случај на киднапирање кој денес е актуелен во Бугарија, бидејќи четворица маскирани напаѓачи, утринава ја киднапираа ќерката на познатиот нарко бос Евелин Банев “Бранд”.