(ВИДЕО) Арсовски: Зошто се уште не е викнат на распит синот на Катица Јанева?

Од:

„Катица Јанева и Зоран Заев се едно исто. Сведоци сме како јавноста го затега обрачот околу Зоран Заев, а тој во очај ги пушта низ вода сите околу него само за да си ја спаси сопствената кожа.

Пипците на Зоран Заев во судството и обвинителството се обидуваат да ја одложат, развлечат и забошотат истрагата за случајот „Рекет“ каде што и врапчињата знаат дека овие што сега се во притвор се само пиуните. Сите знаат дека главните играчи, нарачатели и рекетари се наоѓаат во врвот на Владата и во врвот на СДСМ“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нарачателите на Катица Јанева, Боки 13 и останатите не смеат да бидат амнестирани од одговорност за овој милионски „Рекет“.

Обрачот околу Зоран Заев се затега. Џабе им е одлагањето на експедитивна истрага цели четири месеци. Џабе им е што ја оставија Катица Јанева четири месеци да брише траги и докази, да форматира компјутери во СЈО, да влијае врз сведоци.

Истрагата се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност.

Зошто сеуште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, кој има една од клучните улоги во комуникацијата со бизнисмените во телевизијата на Бојан 13?

Зошто сеуште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?

До каде е истрагата за Кики и Фрики? Дали е вистина дека тие ги имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев?

До каде е истрагата на УЈП и на финансовата полиција кои требаше од вчера да почнат со истрага и зошто истите доцнеа цели 4 месеци со почеток на истрагата?

Кои луѓе од СЈО се инволвирани во случајот „Рекет“, зошто овие се уште информации се уште се кријат?

Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио кое само нив им одговара.

Напротив, сите инволвирани мора да одговараат за рекетирањето.

Рекетарите како Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власта и да одговараат. Веднаш потоа откако СДСМ и Зоран Заев ќе паднат од власта следува обнова на Македонија“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски