Полицијата вчера издала 55 казни за непрописно паркирање

Од:

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера се издадени 55 мандатни платни налози за непрописно паркирање.

Во рамки на превземените мерки и активности констатирано е дека 47 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од СВР Скопје соопштија дека исклучени од сообраќај се и 10 возила, од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и девет возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози