СДСМ: Промените се нова енергија за забрзување на напредокот, во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

Од:

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на одбрана на криминалот, симбол на лажните вести и деструктивното однесување на штета на граѓаните и државата.

Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност“, соопштуваат од СДСМ.

„Oбидите да се попречи правдата, да се закочат реформите, да се блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, се доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова, дополнителна енергија за забрзување на напредокот.

СДСМ е препознаена како одговорна, државотворна партија која отвора шанс за младите.

СДСМ останува со граѓаните и продолжува да се менува во нивен интерес.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструктивната матрица и продолжува да делува по насоките од Будимпешта“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт