Денеска во специјалната болница за ортопедија „Др Немец“, во близина на Опатија, Хрватска успешно е опериран левото крило на Металург, Дејан Манасков.
Манасков се повреди на последниот дуел од Лигата на шампионите против Силкеборг, кога незгодно нагази го постигнување гол. Поради тоа веднаш беше упатен во болница каде беше констатирано дека има кинење на лигаментите и мора да замине на операција.
Извесно време Манасков ќе се рехабилитира во Хрватска, а потоа се враќа во Скопје.
Тој ќе биде околу шест месеци надвор од терените, па му посакуваме брзо закрепнување и враќање во редовите на Металург.