Англија: Полицијата помогнала исплашен моторциклист да премине мост

Од:

Моторциклист, кој има гефирофобија – страв од поминување мостови, ја повикал полицијата на помош кога стигнал до мостот Дартфорд, Англија. Возачот свртел погрешно и ја повикал полицијата од Кент кога неговиот навигатор го насочил да извози над реката во северен Кент.

Операторот на полицијата му објаснил дека ќе помине низ тунел, а не над мостот, но возачот се уште чувствувал страв да помине. Потоа, операторот останал на линија додека да пристигне полицијата ја лоцира неговата кола и ја пренесе низ тунелот, додека тој бил на совозачкото седиште.

„Овој инцидент покажува колку сериозно постапуваме на граѓанските повици. Секогаш одговараме и се обидуваме дека помогнеме. Нашата улога е да одржуваме ред и безбедност на патиштата, па ако некој е загрижен, заглавен или исплашен, наша работа е да се појавиме и понудиме помош и поддршка“, вели инспекторот Пол Селвуд од полициската единица за патишта на Кент.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство