Хрватска размислува за повторно воведување „данок на шундот“

Од:

Хрватското Министерство за финансии се одлучи на нов потег, а тоа е враќање на данокот на шунд, пишува загребскиот весник „Јутарњи лист“, наведувајќи дека за сериозната музика ДДВ-то би било пет отсто, а за рокот и фестивалите дури 25 проценти.

Пред членството на земјата во ЕУ нулта стапката на ДДВ, која важеше за книгите и театарските и кино билетите „заминува во историјата“, наведува весникот, укажувајќи дека веќе се знае оти за книгите ќе се применуваат привилегирани стапки на ДДВ од пет отсто.

Владата овие денови треба да одлучи и за привилегираната стапка на ДДВ на театарските, кино, музејските и концертните билети, односно за четири категории влезници кои во повеќето земји од Унијата се обединети во една категорија – „билети за културни настани“.

Независно од тоа за какви претстави, филмови или концерти станува збор, тие имаат иста стапка на ДДВ, најчесто привилегирана, потсетува „Јутарњи лист“, давајќи ги како пример Словенија со 8,5 отсто, Австрија и Италија со стапка од 10 проценти, Полска и Шпанија со осум отсто, Шведска и Холандија со шест проценти.

Исклучок од ваквата пракса е Велика Британија, каде нема привилегирана стапка на ДДВ-то за ниту еден културен настан.

Во предлогот хрватското Министерство се раководело според позитивната пракса, а и Министерството за култура дало препорака стапката на ДДВ-то на влезниците за сите културни случувања да изнесува пет отсто.

Со ваквиот став, укажува весникот, Министерството за финансии како повторно да го воведува социјалистичкиот „данок на шундот“, според чии одредби произледува дека дури и најлошите филмови на Жан Клод ван Дам, на пример, или најлошата театарска пиеса претставуваат уметност и култура, а концертите на Бијонсе, Роби Вилијамс или домашната група „Ладно пиво“ не.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка