ВМРО-ДПМНЕ: Притворањето на Јанева е договорен театар, за да се прикријат трагите кои водат кон Заев

Од:

„Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев.

Катица Јанева му остана верна на Зоран Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали.

Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на истата паричка.

Зоран Заев е премиер, во Република Македонија целиот период за време на кој е вршен милионскиот рекет. Уценувани се десетици бизнисмени. Изнудувани се пари, а институциите на системот или биле дел од рекетот или замижувале пред криминалот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јанева е алатката со помош на која е вршен рекетот, а Заев е координаторот на целиот криминален систем.

Замешателството на Заев е главната причина и поради која Јанева беше на слобода со месеци, иако доказите за неа Русковск ги има уште од април.

На Јанева и беше оставено простор да го преформатира телефонот, да оди во странство и да влијае врз сведоци.

Привилигираниот третман на За другарчињата на Заев како Јанева важат едни правила, а за обичните луѓе други. Вилма Русковска , истата обвинителка што и дозволи на Јанева да оди на погреб на нејзината мајка, не му дозволи на обвинетиот во случајот 27 април, Душко Лазаров, да отиде на погреб на мајка му.

Русковска се однесува заштитнички кон власта. Таа ја одолговлекува истрагата за Рекет со недели, и не го повикува Зоран Заев на распит, иако е спомнат во аудио разговорите, дека знае за рекет системот.

Правда во Македонија со Заев, нема. Потребни се итни предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски