Претседателот на Владата на Хрватска Зоран Милановиќ, кој денеска ја посети касарната „Полковник Предраг Матановиќ“ во Петриње, по позирањето на фоторепортерите, падна од воено возило, но мина без повреди.
Милановиќ, како што пишува загрепскиот „Вечерњи лист“ го разгледувал оклопното возило БОВ „Патриа“ АМВ, им позирал на снимателите и во еден момент, наместо од возилото да се симне излегувајќи на предвиденото место, погрешно ја проценил висината и се обидел да скокне.
Премиерот, додава весникот, паднал и потоа брзо станал со помош на генералот Драго Ловриќ, ја истресол прашината од облеката и продолжил со протоколот, како ништо да не се случило.
– Тоа е животот. Човеек паѓа и повторно станува. Се правев важен, но не чувствувам никакви последици, се пошегува хрватскиот премиер по падот.