На активистка од Штип по објава на “Фејсбук“ и тропнала полиција на врата

Од:

Граѓанската активистка Милка Докузова влезе во војна со локалните власти кога на својот фејсбук-профил објави фотографии и коментар за лошата состојба во стационарот за кучиња во Штип. Првин вработена, а потоа и директорот на ветеринарната станица Крсто Митев, ѝ се заканувале дека ако не ја тргне објавата, ќе ја пријават во полиција и ќе ја тужат за навреда. Во текстот на „Фејсбук“ таа вели дека нема вода во стационарот, кучињата престојуваат во нехумани услови и ги прозива надлежните да го решат проблемот. Во дел од нејзината објава таа го обвинува директорот на ветеринарната станица, Крсто Митев, дека не прави ништо за стационарот, дека е поставен како партиски кадар и го обвинува за непотизам.

Кога не се согласила да го отстрани материјалот, Докузова почнала да добива заканувачки пораки од директорот на ветеринарната станица, Крсто Митев, во чија надлежност е стационарот за кучиња. Тој ѝ напишал дека ќе се видат на суд, односно дека ќе ја тужи за навреда, а ѝ се обраќа со „убавице“ и „лепото“.

Како што вели таа, бидејќи не се исплашила ниту од пораките, Митев ја пријавил во полиција. Полициските службеници ѝ рекле дека дошле по поплака за навреда на социјалните мрежи.

„Ми се закануваа два дена, дури го вознемируваа и татко ми на телефон и кога сфатија дека не попуштам, ми пратија полиција. На полицајците им кажав дека ниту сум го навредила Митев ниту сум ширела говор на омраза со мојата објава. Не ја потпишав опомената за поплака затоа што не се чувствувам одговорна што сум го прозвала како надлежен на институција, тој е повикан да ги реши работите во стационарот. На тоа место е дојден партиски, сите го знаеме тоа и немам потреба да се извинувам“, вели активистката Докузова за „А1он“.

Директорот на ветеринарната станица не сакаше да ја коментира ситуацијата. Не одговори на прашањата зошто се чувствува навреден и дали планира да ја тужи активистката. Рече дека е многу зафатен и не може да зборува.

„Многу сум зафатен и не можам сега да коментирам“, кусо одговори Митев.
Слично на Митев постапила и Докузова. Рече дека и таа го пријавила во полиција за вознемирување.

„Крсто Митев од ветеринарната станица во Штип четири пати ми ѕвонеше на телефон со цел да се објаснува со мене. Ниту сум го ангажирала јас ниту има за што да се расправа со мене. Ја повикав Општина Штип да си го прибере, но од таму останаа глуви на моите прозивки, па отидов и го пријавив во полиција“, додава Докузова.

Инаку, за состојбата во стационарот за кучиња, надлежната е ветеринарната станица во Штип, која добила тендер од Општината да се грижи за животните што престојуваат таму, да им ги обезбеди потребните услови, нега и лекарска заштита.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски