Од утре времен сообраќаен режим на булеварот Крсте Мисирков

Од:

Од утре од 8:30 часот до до 8:30 часот, поради градежни активности за реконструкција на коловозот на булеварот Крсте Мисирков, целосно ќе биде затворена за сообраќај едната насока од булеварот и тоа од крстосницата со булевар Гоце Делчев кај Судска Палата кон клучката Бит-пазар, информираат од Град Скопје.

Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи на овој потег, а се очекува за многу краток период, со нанесување на завршниот слој на асфалтот, да биде комплетирана реконструкцијата на булеварот во двете насоки.

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350 метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата во Скопје.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски