(ВИДЕО) Стоилковски: Мотивите на Костадинов за заташкување на истрагата за „Рекет“ се јасни

Од:

„Мотивите на Костадин Костадинов за заташкување на истрагата за „Рекет“ се јасни. Се работи за страв јавноста да не дознае дали во телефонот на Боки Тредичи имало фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина за него.

Но вистинската паника за размотување и за расчистување на случајот „Рекет“ е кај Зоран Заев, кој што е главата на криминалниот октопод, кој како што вели Боки 13, Тредичи знаел за рекет системот.

Во зградата на владата зад нас седи човекот, кој што е премиер на Република Македонија и ја имал апсолутната власт во државата, додека е вршен милионскиот рекет, врз десетици бизнисмени во Република Македонија“, рече Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата оператива на МВР, со БЈБ и УБК, УФР, УЈП, Царинската управа и Финансиската полиција е де факто под Зоран Заев. Не постои сериозен човек во државата, кој што верува дека Заев не знаел за „Рекетот“. Тој едноставно морал да знае.

Неделувањето на овие органи во насока на сузбивање на криминалот е само сигнал, само знак дека Зоран Заев стои зад рекет системот, кој директно е вршен преку СЈО, како алатка за затворање и ослободување на рекетираните.

Токму затоа Зоран Заев но и сите институции со месеци ја развлекуваат истрагата. Катица Јанева е алката без која не е можен рекетот, но и човекот кој што очигледно многу знае за него.

Доколку истрагата немаше што да крие Јанева одамна ќе беше во притвор, без шанси за форматирање на телефони, да оди надвор од државата и потенцијално да брише докази или да влијае врз сведоци.

Дали Јанева е привилегирана затоа што нејзиниот пад ќе значи и пад на владата? Дали Јанева е одговорот на прашањето дали ташната со пари завршила тука на Илинденска, во зградата зад нас?

Истрагата се развлекува само за да се заштити врхушката на власт. И тоа се мотивите зошто Заев е толку нервозен. А, токму тоа се и мотивите и зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори час поскоро“, изјави Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски