Министрите за надворешни работи на Кина, Јапонија и Јужна Кореја се сретнаа денеска во Пекинг на разговори за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Jи за време на состанокот со колегите од апонија и Јужна Кореја, Тара Кон и Канг Кунг-ва, изјави дека официјален Пекинг ќе работи со двете држави за одржување на слободна трговија и стабилност во регионот.
Односите меѓу Токио и Сеул се влошени откако Јапонија ја зајакна контролата на извозот на клучните материјали за производство на полупроводници и екрани за паметни телефони и телевизори, главните извозни продукти на Јужна Кореја.