ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата за аферата „Рекет“ се претвори во фарса и театар

Од:

„Истрагата за најголемата криминална афера во македонската историја, аферата „Рекет“, се претвори во фарса и театар со кој се замајува македонската јавност. Обвинителството по кој знае кој пат наместо во одбрана на правото и правната држава застанаа во одбрана на мафијата и криминалците.

Зоран Заев ја укина правната држава и воспостави тоталитарен криминален режим. Вчерашното сведочење на Јанева е доказ дека истрагата за милионскиот криминал за случајот „Рекет“ е компромитирана“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев, Русковска и Јанева уште еднаш ја потценија интелигенцијата на граѓаните. Јанева даде исказ како сведок во присуство на адвокат, адвокат кој истовремено правно застапува еден од таргетите во случајот „Империја“ на СЈО. Ова е навреда за секој чесен граѓанин кој очекува правда во Македонија и кој сака нашата држава да ја види како успешна приказна.

Очигледно е дека Јанева не сака да соработува со обвинителството. Очигледно е дека таа застана во одбрана на главата на криминалниот октопод аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Правосудството мора да се ослободи од стегите на власта, мора да ги игнорира притисоците на Зоран Заев, бидејќи во спротивно станува соучесник во најголемата криминална афера во модерната историја на Македонија. Истрагата мора да се прошири и мора да се откријат сите пипци на октоподот, како Кики, Фрики и Шеки, пипци кои водат директно до главата, Зоран Заев.

Македонските граѓани се жртви на криминалната банда на чело со аболицираниот Заев, банда која ќе ја поразат на следните парламентарни избори. Кога Зоран Заев ќе си замине тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законите, но и оние кои наместо да го гонат застанале во одбрана на криминалот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ