Корбин бара предвремени избори и ветува нов референдум за Брегзит

Од:

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин вчера побара предвремени избори во Велика Британија за да се одблокира застојот околу Брегзит, во момент кога премиерот Борис Џонсон притиска за распуштање на парламентот.

Корбин вети дека доколку неговата Лабуристичка партија победи на тие избори, тој ќе распише втор референдум за излегување на Велика Британија од Европската унија, по првиот што се оддржа во 2016 година, и на кој жителите се изјаснија за излегување на земјата од Унијата.

Новиот лидер на конзервативците и актуелен премиер, Борис Џонсон, не сака да распише избори, но можно е тој, сепак, да биде присилен на тоа доколку не му се изгласа доверба во парламентот.

-Лабуристите веруваат дека одлуката за решавање на кризата околу Брегзит треба да им се препушти на граѓаните, рече Корбин, пренесен од британскиот „Прес асосиејшн“

„Доколку есенва дојде до предвремени избори лабуристите ќе се одважат и ќе одржат нов референдум, последниот збор да им се даде на граѓаните и да им се понудат веродостојни опции, па и опцијата останување“, рече Корбин.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја изведе од Европската унија до 31 октомври, со или без договор.

ЕУ нема намера да го разгледа неговото барање за повторување на преговорите за договор што веќе беше договорен со неговата претходничка Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски