Путин: Не постои ризик од радијација по експлозиите во Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не постои ризик од зголемено ниво на радијација по експлозијата на полигон за воени проби во северна Русија на 8 август, кога загинаа пет лица.

Обраќајќи се пред медиумите заедно со францускиот претседател Емануел Макрон пред билатералната средба, Путин рече дека сите повредени и настрадани во експлозијата ќе добијат државни одликувања.

Тој додаде дека биле преземени сите неопходни мерки на безбедност, нагласувајќи дека не постои ризик од радијација.

Путин пристигна во Франција денеска за да разговара со францускиот колега Емануел Макрон за најголемите кризи во светот, вклучувајќи ги и ситуациите во Украина, Иран и Сирија и да се обиде да ги подобри односите на Москва и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз