Локализирани 70 проценти од пожарот кај Љубин, интервенира и авион на Дирекцијата за заштита и спасување

Од:

Локализирани се 70 проценти од пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај, а во неговото гаснење е вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

Со пожарот е зафатена голема површина со сува трева и борова шума.

– Кај што можеа да влезат противпожарните екипи, на некои места тоа изгледаше и невозмошно, се интервенираше и тој е локализиран. Останува уште еден дел непристапен за нас, а за кој се вклучи и авион од ДЗС којшто веќе интервенира, изјави Владимир Симоновски, командир на Противпожарната единица на град Скопје.

По избувнувањето на пожарот на терен интервенираат пет возила и 25 пожарникари од Противпожарната единица на град Скопје.

Оттаму апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.

Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак

Осум пожари се активни во земјава, 13 се изгаснати

(ВИДЕО) Ангелов: Да се исчистат од вегетација напуштените објекти, превенцијата од пожари помага многу

(ВИДЕО) Ангелов: Сѐ уште e активен пожарот кај прилепското село Чаниште