Во СВР Скопје вчераутро е пријавено дека на автобуска постојка на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје две маскирани лица физички ја нападнале А.Б.(16) од Скопје, ја влечеле, а откако успеала да се отргне, еден од сторителите со остар предмет и нанел повреди во пределот на стомакот и лицето.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.