(ВИДЕО) Арсовски: Какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази?

Од:

„СЈО и Владата на Зоран Заев немаат веќе никаков кредибилитет. Катица Јанева рекетирала заедно со Бојан Јовановски односно Боки 13, а пола Влада стоела позади нив и им го чувала грбот, вклучително и Зоран Заев, тоа го слушнавме и во видео снимките.

Случајот „Рекет“ ја разоткри најголемата криминална мрежа во Македонија, каде што се вмешани врвот на Владата, пратеници, министри, обвинители, исто така и истражители. Сите се дел од мрежа преку која рекетирале милиони евра и уценувале политички неистомисленици“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев во својата изјава кога кажа дека нема намера неговата влада да ја бутнат криминалци и суетни новинари, тој самиот за Катица Јанева изјави дека правела идиотски постапки, согласно доказите што тој ги имал.

Потенцирам, Зоран Заев имал докази во врска со случајот „Рекет“ и изјавува дека Катица Јанева правела идиотски постапки.

Како е можно Премиерот на државата кој не треба да се меша во судската власт да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видео снимките кои ги виде целата јавност каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените?

Какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази?

Зошто Заев доколку поседува докази не е повикан ниту за сведок, иако според видеата кои што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во целиот случај „Рекет“?

За кои случаеви Зоран Заев има докази, дали можеби за рекетот кон бизнисмените, или пак за рекетот кон зетот на Фијат Цаноски кој можеби платил пари за да му се повлече обвинителен акт или пак можеби за некој нов случај за кој јавноста сеуште не го знае? Иако знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени и биле земени десетици милиони евра.

Дали Зоран Заев свесно манипулира со доказите и преку своето влијание во Судот сака да се заштити и тој самиот во случајот во кој целата јавност виде дека е вмешан и споменуван во видеата?

Зоран Заев е готов и тој повеќе нема кредибилитет да води влада. Зоран Заев и СДСМ ја уништија Република Македонија и единствено што видовме и гледаме се уште во моментов од нив е криминал, криминал и само криминал.

Потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо, за веднаш потоа да се случи обнова на Македонија која што е најпотребна во моментов“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски