Јосиповиќ: Границата нема да биде „кинески ѕид“

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ порача дека границата меѓу таа земја и БиХ нема да биде „кинески ѕид“ и дека ќе стори се за да граѓаните и натаму да можат да патуваат само со лични карти.

Јосиповиќ по средбата со делегацијата на Претставничкиот дом на Парламентарното собранир на БиХ вчера во Загреб рече дека Хрватска смета дека сите земји од регионот имаат свое место во ЕУ, што посебно важи за БиХ на која Загреб е подготвен да и ја пружи сета политичка и техничка помош.

Според него, економската состојба треба да се развива и во нови околности и да се направи што е можно полиберална.

Кога станува збор за внатрешни најважни политички прашања на БиХ, Јосиповиќ ги повика претставниците на трите народи да најдат консензус заради стабилноста и заедничкото напредување кон ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка