Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поради националната безбедност не сака САД да работи со кинескиот Хуавеј, дури и доколку администрацијата одлучи да го продолжи грејс периодот за таа компанија.
Западните медиуми очекуваат американскиот Оддел за трговија да ги одложи санкциите за компанијата Хуавеј, со што ќе и биде дозволено на фирмата да купува резерви од американските компании, за да може да ги сервисира постоечките купувачи.
Времената дозвола за Хуавеј ќе биде продолжена уште 90 дена.
Трамп вчера нагласи дека не сака да соработува со Хуавеј од безбедносни причини, потенцирајќи дека некои помали делови од работењето на компанијата би можеле да бидат исклучени од забраната, но и тоа, според него, ќе биде компликувано.