Во различни делови на Атина се пронајдени четири торби со експлозиви откако некој анонимно ги пријавил, соопшти полицијата.
Ескплозивите биле пронајдени во автомобили паркирани пред зградата на ЕРТ, на авенијата Месогион, пред канцеларија на даночната служба во Физико и пред филијала на ОТЕ во Геракас, јави дописникот на МИА од Тирана.
Полицијата соопшти дека експлозивите не биле поврзани со тајмери.