Казнети над 200 возачи синоќа во Скопје

Од:

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 22:00 до 4:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи што ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје при што санкционира 102 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени соодветни казни.

Како што информира МВР, откриени се и 52 останати прекршоци, за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 27 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје и санкционира 27 возачи. Откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 17 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски