Израел воведе автобуси само за Палестинци

Од:

Кога во САД И Јужноафричка Република црнците мораа да се возат во посебни автобуси, тоа се викаше апартхејд.

Но, кога Израел воведе автобуски линии само за Палестиниците, тоа за властите на државата претставува „знак на добра волја“.

Израелските мировни активисти одуката ја оценија како расистичка, додека Палестинците велат дека ги користат тие линии.

Поради лошите односи помеѓу еврејското и палестинското население на Западниот брег, речиси сите аспекти од општественото живеење се ставени на посебни мерки и прописи, војни контролни пунктови, специјални дозволи и различни закони.

Изралските официјални лица изјавија дека Палестинците може да ги користат и регуларните линии, доколку сакаат, но Палестинците тврдат дека не се добредојдени помеѓу еврејското население.

Израел соопшти дека ги воведе новите автобуски линии за да го олесни животот на Палестинците кои работат во Израел.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски