СДСМ: Мицкоски да одговори дали се среќавал со Груевски во Будимпешта

Од:

„Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да признае дали се гледал со Никола Груевски во Будимпешта?“, прашуваат од СДСМ преку соопштение.

Христијан Мицкоски да не се крие зад статуси на социјалните мрежи со кои се обидува да избега одговори на прашањата за кои треба да се изјсани, велат оттаму.

„Особено, откако призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец.

Нема бегање од вистистината Мицкоски.

Како што призна еднаш, треба да излезеш пред граѓаните и да одговориш.

Дали си се среќавал со Никола Груевски во Будимпешта?

Дали во Унгарија и во Словенија Мицкоски си се гледал со уште некој и кој е тој?

Каква врска имаш со новинарот од италијанскиот весник?

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски