Кина и САД постигнаа договор за санкциите на Пјонгјанг

Од:

САД и Кина постигнаа договор за нацрт резолуцијата со која Обединетите нации ќе воведат нови санкции во Северна Кореја, поради минатомесечната нуклеарна проба.

Советот за безбедност соопшти дека денес ќе се одржи затворена консултација за Северна Кореја.

Дипломатски извори изјавија дека очекуваат САД во текот на консултацијата на Советот да му ја достави нацрт резолуцијата.

Неколку часа по нуклеарната проба на Северна Кореја, на 12-ти февруари сите петнаесет членки на Советот за безбедност, во соопштение ја осудија пробата на Пјонгјанг и порачаа дека државата нема да помине без санкција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија