Ставен под контрола шумскиот пожар над скопските села, ќе се догаснува изутрина

Од:

– Шумскиот пожар кој избувна изутринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци вечерва е ставен под котрола.

Заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески за МИА информира дека нивните екипи се повлечени од теренот и дека во делот кон селата Буковиќ и Раовиќ нема можност за ширење на пожарот.

-Остануваат уште неколку точки каде има активно горење, но нема опасност за населените места. На терен ќе имаме дежурна екипа која ќе ја следи ситуацијата, а утре во раните утрински часови ќе се направи догаснување, рече Томески.

Пожарот избувна утринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума. Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски