Продолжуваат протестите во Хонгконг, поддршка и од наставниците

Од:

Во Хонгконг продолжуваат протестите против властите, блиски до официјален Пекинг, на кои во знак на поддршка кон демонстрантите им се приклучија и наставниците.

Тие од Владата бараат да одговори на барањата од демонстрантите и да престане да се служи, како што тврдат, со полициско насилство за растерување на учесниците во протестот.

Демонстрантите кои го преполнија главниот плоштад во финансискиот округ, носеле транспаренти на кои пишува „Заштитете ја следната генерација“.

Ова е десетта седмица како што се одржуваат протести во Хонгконг, кои не покажуваат знаци на намалување на масовноста. Овој викенд е планирано да се одржат неколку собири и барем еден марш.

Демонстрантите бараат оставка на градскиот лидер, демократски избори и независна истрага поради употребата на полициска сила.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски