СДУ: Ова е време на афирмација на изворната социјалдемокартија

Од:

Под мотото „Сеуште постои избор, избери ја судбината“ и со ветување дека на народот ќе му ја вратат изворната социјалдемократија, СДУ вчера вечер, во Скопје ги претстави своите кандидати за градоначалници и носители на советнички листи на претстојните локални избори.

Претседателот на партијата и носител на листа на советници за град Скопје, Чедо Николовски рече оти ова е време на афирмација на вистинските вредности на изворната социјалдемократија.

„Овој моментум е вистинско време за нашата преобразба. СДУ е единствената граѓанска демократска партија во Македонија. За разлика од другите кои само ги делеа граѓаните ние веруваме во обединување, веруваме во демократијата, а посебно во внатрепратиската демократија“ рече Николовски.

Пред присутните на вечерашнава конвенција носителот на листа на советници за Битола Клаудија Лутовска постави прашање дали партија која мисли на два милиони Македонци е мала партија.

„Дали за луѓето во Македонија има гласачко тело и бројка или тоа се индивидуи? За СДУ во Република Македонија луѓето се индивидуи. Колективната свест можеби недостасуваше до овој момент, но ова е момент на прибирање на свеста на граѓанинот, моќта на граѓанинот, моќта на оној кој што живее во село и на оној кој што живее во град“, рече Лутовска.

СДУ на мартовските локални избори учествува со триесетина кандидати за градоначалници и педесетина советнички листи.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он