Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективната клиника

Од:

Пациентот заразен со западнонилска треска кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се наоѓа во тешка состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави Милена Стевановиќ, директор на Инфективната клиника. Ова е прв случај на западно-нилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Стевановиќ информираше дека хоспитализираниот, на возраст од 66 години, веќе една недела е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му е дијагностицирана во ГОБ „8. Септемви“ во Скопје.

На Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата којашто е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Според Стевановиќ, нема простор за паника кај населението за кое остануваат главните препораки за заштита од комарци.

Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции, како што вели Стевановиќ, и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита.

Би можело да ве интересира

Осма жртва од западнонилска треска

Аларм во Европа: Над 1.000 случаи на вирусот западнонилска треска, погодени 15 земји

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

По 38 дена во болница, почина пациент од западнонилска треска: седми случај во државата

A1on