На брегот на Панама најмалку шест насукани бродови поради ветер и бранови

Од:

Поради силниот ветер и големите бранови, предизвикани од студениот бран кој пристигна од Северна Америка, на карипскиот брег на Панама се насукаа најмалку шест бродови, соопштија панамски претставници.

Засега нема информации за повредени или загадување на животната средина, иако според жителите се чувствувам мирис на бензин во близина на еден брод.

Меѓу бродовите кои се насукаа во близина на градот Колон, недалеку од карипската страна на Панамскиот залив, се наоѓаат големи товарни бродови. Тие не пловеле низ заливот и сообраќајот таму се одвива нормално.

Претставници велат дека во истата област поради силниот ветер десет куќи биле поплавени, а едно лице исчезнало.

Би можело да ве интересира

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит