А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија

by А1он16/08/2019 - 15:2816/08/2019 - 15:32667
Share0

Министерот за трговија и индустрија во Владата во оставка на Косово Ендрит Шаља денеска наложи забрана на увозот на компири и мед од Северна Македонија, како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увозот на риба за порибување од Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во соопштението на Министерството се вели дека се работи за „преземање реципрочна мерка кон Северна Македонија“, како и дека Царината на Косово се обврзува мерката да почне да ја спроведува веднаш.

Министерот Шаља во изјава за порталот „Газета експрес“ порача дека „мерката стапува во сила денеска и ќе остане се додека органите во Северна Македонија не ја преразгледаат“ нивната одлука за увоз на риба за порибување од Косово.

– Можам да потврдам дека денеска донесов одлука за воведување на мерката на реципроцитет за Северна Македонија. Јас му се обратив со официјално писмо на мојот македонски хомолог за да ја преразгледа одлуката за забрана на увозот на риба за порибување во Северна Македонија. Меѓутоа македонските власти тоа не го направија, така што ние сме принудени на тие мерки да одговориме со реципроцитет, изјави Шаља

Следете a1on на Youtube YouTube
kosovomakedonija

Би можело да ве интересира

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:20

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

Гори насекаде, 17 пожари до 13 часот

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 13:45

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 13:19

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 12:27

За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865 прекршоци, 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 11:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео