Резерви на нафта и гас во вредност од 30 милијарди евра се отркиени на територија, отстапена во 2010 година од Москва на Осло, покажува официјално истражување, објави сајтот „BarentsObserver“.
– Ова е голема вест за Норвешка. Овие нови резерви претставуваат голема вредност за норвешкото општество, изјави Ула Буртен Муе, министер за нафта и енергетика.
Новите резерви се откриени во југоисточното Баренцово Море по испитување на територија од 44.000 квадратни метри, се наведува во извештај на Норвешката нафтена агенција.
Тие се проценуваат на 1,9 милијарди барели. Од нив 85 проценти се природен гас, а останатото нафта. Со овие резерви Норвешка располага со најмалку 7,9 милијарди барели неразрабоени резерви.
Производството на нафта во земјата бележи пад 13-та година по ред, што е половина од максимумот постигнат во 2000 година, наведува агенцијата „Блумберг“.
Над 175.000 квадратни километри во југоисточниот дел на Баренцово Море беа дадени на Норвешка од Русија во 2010 година по спор, што траеше повеќе од четири децении.
Прво СССР, а потоа и Русија настојуваа за поделба на спорната територија со „средна линија“ по нулта меридијанот, кој минува низ Северниот пол. Норвешка настојуваше за поделба по сектори со кота на бреговите на Шпицберген. Конечно земјите земаа по 50 проценти од спорната зона.
Ова е „царски дар“, слично на продажбата на Алјаска во 1867 година од рускиот император Александар II за 7,2 милиони долари на САД, коментира весникот „Новие известија“.