Вредноста на играчите на фудбалскиот пазар достигнува стотици милиони евра. Во Шпанија, најголемите ривали Барселона и Реал Мадрид имаат тимови кои вредат повеќе од една милијарда.
Според анализата на шпански „АС“, цената на играчите на Барселона е 1,26 милијарди евра, додека Реал вреди 1,18 милијарди.
По двата фудбалски гиганта следуваат Атлетико Мадрид со 839,4 милиони евра, Валенсија 474 милиони евра, а меу петте на оваа листа е Реал Сосиедад – неговите играчи се проценуваат на 288,3 милиони евра.
За споредба, актуелниот европски шампион Ливерпул вреди 1,07 милијарди евра.