Албански полицајци ќе бидат ангажирани да патролираат по црногорското крајбрежје за време на туристичката сезона.
Тоа е предвидено со протокол за соработка потпишан синоќа во Скадар од директорите на полициите на Црна Гора и Албанија.
Протоколот предвидува заеднички албанско-црногорски патроли по крајбрежјето кои ќе се грижат за зачувување на безбедноста и јавниот ред и спречување криминал. Црногоркската полиција такви договори претходно потпиша со Србија и Хрватска.