Кипар ги прифати условите на Еврогрупата за извршување на независна ревизија на банкарскиот систем, за да се утврди како се применуваат реформите за борбата против перењето пари.
Тоа се наведува во коминике на Еврогрупата за резултатите од вчерашната средба на министрите за финансии на групата, на која се разгледуваше прашањето за укажување итна антикризна помош на Никозија. Досега Кипар се противеше за вклучување на независна компанија во ревизијата.
– Тоа е важен чекор напред за постигнување компромис за идната антикризна програма, изјави по средбата еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.