Крводарителска акција во Центар Жупа, собрани 15 крвни единици

Од:

Општинската организација на Црвен крст Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, спроведе крводарителска акција во Центар Жупа.

– Екипата на Институтот беше сместена во просториите на Клубот на пензионери. Aкција може да се оцени како добра, бидејќи собрани се 15 крвни едници, а десеттина лица и покрај желбата да ја даруваат дрaгоцената течност, главно поради висок крвен притсок беа вратени, вели Исни Телќиу секретар на дебарскиот Црвен крст.

Според него, до сега спроведени се четири крводартелки акции од кои три во Дебар, додека до крајот на годинава планирани се уште четири.

Телќиу додава дека во изминатиот период од годинава, вклучително денеска, се собрани над 300 крвни единици што е околу 60 отсто од годишниот план.

Инаку, Дебар со години по ред е меѓу најхуманите општини на полето на крворадувањето, зашто годишниот план не само што целосно се исполнува, туку се прибираат во просек и до 20 отсто повеќе крвни едници од планираните.

Би можело да ве интересира

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во првото пријавување во прва година запишани само 10 ученици

Поради масовната миграција: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти

Горан Наумовски

Кривични пријави за дебраните кои се истепаа во слаткарница во Центар Жупа

Битката со Ковид-19 ја загуби поранешниот градоначалник на Центар Жупа

А1он