На руско-норвешката граница откриени честички од радиоактивен јод

Од:

Норвешка врши анализи на откриените помали количества радиоактивен јод во воздухот во северниот дел на земјата, само неколку дена откако во Русија дојде до смртоносна експлозија за време на тестирање на ракета.

Руската нуклеарна државна агенција Росатом во саботата соошти дека во експлозијата погинаа пет лица и дека несреќата вклучувала „изотопски извори на енергија“, не давајќи повеќе детали за инцидентот.

Норвешката агенција за радиациска и нуклеарна безбедност (ДСА) соопшти дека на мерната станица во Сванховд, на самата граница со Русија, забележала честички од радиоактивен јод.

Примероците биле собрани од 9 до 12 август. Несреќата се случи на 8 август на северот од Русија.

-Засега не е можно да се одреди дали последната детекција на јод е поврзана со минатонеделната несреќа во регионот на Архангелск. ДСА продолжува да собира примероци и да изготвува анализи, наведе норвешката агенција.

Вакви мерења на зрачење не се невообичаена појава во Норвешка, а нејзините мерни станици откриваат радиоактивен јод шест до осум пати во текот на годината, иако изворот на честичките најчесто останува непознат.

Руската државна метеоролошка служба во вторникот соопшти дека степенот на зрачење во градот Северодвинск од минатиот четврток е зголемен за 16 пати, а лекарите кои им давале помош на жртвите во несреќата се испратени на дополнителни прегледи во Москва , соопшти Тасс.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта