Жителите во округот на Јакутската област во Сибир беа изненадени кога утрово наместо светлина, ги дочека темница.
Овде сонцето треба да изгрева околу четири часот, но се остана во темница до осум часот денеска.
Уште почудно е што ова не се случува прв пат. Минатото лето жителите се разбудија со слична слика, па на социјалните мрежи имаше пишувања за „традиционалното“ црно утро и Сонцето кое е повторно изгаснато.
Иако засега нема официјално објаснување, метеоролозите претпоставуваат дека големите шумски пожари кои го зафатија Сибир се виновни за ова затемнување. По се изгледа дека голема концентрација на јаглерод моноксид во атмосферата довела до формирање на густи облаци кои целосно ги блокирале сончевите зраци.
Сепак мистеријата останува ако се има предвид дека концентрацијата на јаглерод моноксид од 7, 19 милиграми по кубен метар колку што беше измерена, не е доволна за да предизвика такво екстремно и целосно затемнување.