Кинески сили најверојатно воена полиција регистрирани се денеска на стадион во град во близина на Хонгконг.
Според западни медиуми се работи за „неколку илјади лица во униформи опкружени со воени возила“.
Во близина на стадионот во градот Шенжен регистрирано е присуство и на воени камиони и борбени транспортери.
Градот се Шенжен се наоѓа на помалку од седум километри од границата со Хонгконг.
По две месеца продемократски протести во Хонгконг, Пекинг испрати во изминатите денови сигнали дека може да се вмеша за да се врати редот во поранешната британска колонија.
Кинеската армија има неколку илјади војници во Хонгконг, но не е предвидено да се вмеша во внатрешните работи на автономниот регион. Тоа може да се случи по барање на локалните власти.
Главниот уредник на Глобал тајмс, Ху Сиџин изјави дека военото присуство во Шенжен е знак дека Кина се подготвува да интервенира во Хонгконг.