Промоција на изборната програма на опцијата “Кога ако не сега” во Куманово

Од:

Независниот кандидат за градоначалник од опцијата “Кога ако не сега” Виктор Цветковски, носителот на независната листа Драги Караџински и кандидатите за советници од оваа независнa политичка опција вечерва во Куманово ја промовираа изборната програма под мотото За Куманово без поделби, Куманово на сите.

Програмата опфаќа повеќе проекти и според Цветковски е остварлива и реална.

– Професионална општинска администрација, која ќе го користи процесот на децентрализација, со што ќе се создадат услови за локален економски развој, кој ќе овозможи зголемен број на вработувања, инвестиции во спортот и културата, соработка со централната власт без водење инает, развој на инфраструктурата, уредување на сообраќајниот хаос, ревидирање на еднонасочниот сообраќај, изградба на јужна и североисточна обиколница, изградба на мини плоштади во секоја населба, развивање на младински центри, формирање на центар за етнички заедници, поддршка на социјално ранливи категории граѓани се само дел од програмата, најави Цветковски.

Тој во Центарот за култура “Трајко Прокопиев”, ги презентираше кандидатите за советници, потенцирајќи дека станува збор за спој на искуство, младост, енергија и знаење.

– Листа, која го прикажува вистинското лице на мултиетничко Куманово – Македонци, Роми, Срби. Листа во која има лекари, професори, чевлари и земјоделци, на кои заеднички прироритет им е Куманово, истакна Цветковски.

Тој потенцира дека кумановци на 24 март ќе имаат можност да одберат нова опција, која е поразлична од “сините” и “портокаловите”.

– Убеден сум дека Куманово го достигна ова политичко ниво. На кумановци им е доста од централни раководства кои штитат строги партиски интереси, на Куманово и кумановци им се потребни луѓе кои се осмелуваат да се справат со полтронството, непотизмот и стравот, рече Цветковски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар