Енвер Хоџај, потпретседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), тврди дека оваа партија, столбот на актуелната владеачка коалиција, е цврсто определена за вонредни избори на кои ќе настапи самостојно и навестува дека функцијата на иден премиер не планираат да и ја препуштат на друга партија.
На својот Фејсбук профил Хоџај напиша дека ДПК „ужива најголема доверба меѓу граѓаните“, што, како што наведе, ќе се покаже и на претстојните избори.
Хоџај наведе дека ДПК нема да ја повтори грешката и премиерската функција да ја препушти на друга партија, како што тоа го направи на минатите избори.