Спасовски за „Рекет“: Сега е моментот кога битката против криминалците во државата треба да се добие

Од:

Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците, оти нема друг избор за напредок на државата, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став во врска со текот на оваа истрага од аспект на функционер, Спасовски рече дека моралните, етички вредности на еден човек не ги прават функциите туку напротив тие вредности мора да се преточат во раководењето со одредена институција.

-Апсолутно мораме да имаме брза, ефикасна истрага, изведување пред лицето на правдата на секој еден којшто бил вмешан во кој било случај со цел криминалот и корупцијата конечно да го добие тој удар којшто и е потребен, а на тој начин да ја вратиме надежта и кај граѓаните и кај институциите, довербата во институциите заради тоа што ова е битката која што не смее да ја изгубиме. Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата, вели Спасовски.

Во врска со соработка на МВР со Обвинителството во делот на истрагите, Спасовски истакна дека таа се одвива континуирано за секој еден случај во државата и оти сега е моментот во којшто битката против криминалците во државата треба да се добие.

-Секако тука државните институции имаат најголем удел, тие се најодговорни и сите заедно со Обвинителството, со судиите мораме да постигнеме резултати. Затоа треба секој еден којшто е за правдата во државата којшто е чесен, одговорен да се издвојат и во судството и во Обвинителството. Мислам дека сега е еден добар момент сите заедно енергично да се спротивставиме на секаков вид криминал. МВР и јас лично ќе стоиме на располагање да помагаме, односно да ги преземеме сите мерки со коишто ќе бидеме задолжени од ЈО од надлежниот суд се со цел да биде задоволена правдата, вели министерот за внатрешни работи Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра