САД се консултираат со сојузниците за распоредување ракети во Азија

Од:

САД се консултираат со своите сојузници околу плановите за распоредување ракети со среден дострел во Азија, потег за кој Кина вели дека ќе одговори со контрамерки.

Вашингтон соопшти дека планира да постави такво оружје во Азија по повлекувањето од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел.

Аналитичари велат дека Вашингтон долго време се обидува да распореди ракети со среден дострел со цел да се спротивстави на растечкиот арсенал на Кина.

На конференциски повик, потсекретарот на Стејт департментот за контрола на оружје и меѓународни безбедносни прашања Андреа Томпсон истакна дека владите ќе одлучат дали да прифатат такви проектили. Американските сојузници Јапонија, Јужна Кореја и Австралија се сметаат за главни кандидати за таква база.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија