Последниот британски гувернер на Хонг Конг, Крис Патен, денеска предупреди дека интервенција на Кина во Хонг Конг би била катастрофа и дека кинескиот претседател Си Џинпинг треба да покаже мудрост во обединување на народот.
Патен рече дека е контрапродуктивно Кинезите да предупредат за „други методи“ освен ако не престанат протестите.
– Тоа би било катастрофа за Кина, и секако за Хонг Конг. Уште од моментот кога дојде на власт претседателот Си, секаде има тренд на гушење на незадоволството и дисидентските гласови. Партијата контролира се, изјави Патен за радио Би-Би-Си.
Хонг Конг беше вратен под кинеска власт во 1997 година со гаранции за висок степен на автономија, независно судство и слободи што не се дозволени во кинеската матица според аранжманот „една земја, два система“.
Патен рече дека британскиот премиер Борис Џонсон треба да го праша американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, кој е во посета на Лондон, за Вашингтон да се согласи дека би било „катастрофа“ доколку Кина интервенира во Хонг Конг.
-Се надевам дека, дури и по десет недели од овие настани, владата на претседателот Си ќе покаже внимателност во обединувањето на народот, рече Патен.